Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

„Зборникот на браќата Миладиновци“ – 165 години чувар на македонскиот јазик и културен идентитет

Еден од најзначајните чувари на македонскиот културен и јазичен идентитет, делото „Зборник на браќата Миладиновци“, одбележува 165 години од објавувањето. Ова дело, кое претставува богатство од песни и традиции, е еден од основните и најважни темели на македонското народно творештво. „Браќата Миладиновци се основните столбови на кои се потпираат културното наследство и македонскиот јазик. Тие […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден од најзначајните чувари на македонскиот културен и јазичен идентитет, делото „Зборник на браќата Миладиновци“, одбележува 165 години од објавувањето. Ова дело, кое претставува богатство од песни и традиции, е еден од основните и најважни темели на македонското народно творештво.

„Браќата Миладиновци се основните столбови на кои се потпираат културното наследство и македонскиот јазик. Тие го собирале творештвото од многу човечки приказни и мудроста, историјата на еден народ, во време кога националниот идентитет се пренесувал преку зборот.“

Во времиња кога често се отвораат дебати за македонскиот јазик и идентитет, ваквите дела имаат уште поголемо значење бидејќи претставуваат сведоштво за националниот тестамент на еден народ, кое не смееме да дозволиме да избледи ниту од неговата, ниту од сечија меморија.

Реклама

„Зборникот е капитално и епохално дело за нас, Македонците, и ние треба да бидеме горди што имаме таква книга пред нас и што нашите предци, браќата Константин и Димитар Миладинов, ја оставиле како наследство.“

Јубилејот од објавувањето на Зборникот беше одбележан со културно-уметничка програма во Градската библиотека која го носи името на овие преродбеници.

Ана Минин