Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Завршен натпревар во регионалната футсал – лига утре во Валандово

Четирите најдобри екипи од Југоисточниот регион ќе се борат за титулата регионален шампион на завршниот натпревар на футсал – лигата за основни училишта која ќе се одржи утре со почеток во 9 часот. На иницијатива на Училишниот спортски клуб „Валандово“, а со поддршка од сите општини од Југоистокот, годинава за првпат се реализира регионална училишна футсал-лига […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четирите најдобри екипи од Југоисточниот регион ќе се борат за титулата регионален шампион на завршниот натпревар на футсал – лигата за основни училишта која ќе се одржи утре со почеток во 9 часот. 
На иницијатива на Училишниот спортски клуб „Валандово“, а со поддршка од сите општини од Југоистокот, годинава за првпат се реализира регионална училишна футсал-лига за основци.

Завршниот натпревар ќе се одигра во спортската сала „Филип Втори Македонски“ во Валандово, а по прогласувањето на шампионот на Југоисточниот регион, за сите учесници се предвидени медали и пехари.

– Идејата произлезе од нашиот училиштен спортски клуб, со цел преку спортот да се поттикнат дружењето, социјализацијата и меѓусебната соработка меѓу учениците од целиот регион. Предлогот беше презентиран пред градоначалниците од Југоисточниот плански регион, по што на седница на Советот за развој на регионот, во кој членуваат сите десет градоначалници во Југоистокот, беше донесена одлука за реализација на проектот, велат од Општина Валандово.

Реклама

Натпреварите се одржуваа во текот на изминатите два месеци, а по завршувањето, по две најуспешни екипи од секоја група обезбедија место на завршниот турнир – „Фајнал Фор“.

Организаторите велат дека доколку се покаже успешен овогодинешниот пилот-проект, во иднина ќе биде проширен и со други спортови и возрасни категории.