Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Проследен на натамошно читање Предлог законот за оружјето

Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска гласаа дека е прифатлив и го проследија на натамошно читање Предлог на законот за оружјето, со европско знаменце. Државниот секретар во Министерство за внатрешни работи, Сашо Петрушевски во образложението нагласи дека предлог на законот за оружје ги поминал сите филтри на експертската јавност. Потенцира дека експлицитноста […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска гласаа дека е прифатлив и го проследија на натамошно читање Предлог на законот за оружјето, со европско знаменце.

Државниот секретар во Министерство за внатрешни работи, Сашо Петрушевски во образложението нагласи дека предлог на законот за оружје ги поминал сите филтри на експертската јавност. Потенцира дека експлицитноста и потребата од овој закон е усогласување со сите европски регулативи.

-Усогласување со потребите на Комора за приватно обезбедување, Стопанска комора на Македонија каде има групација за оружје, Ловечка и Стрелашка федерација и сите оние невладини организации кои имаат интерес од овој закон. Добивме и позитивни мислење од Брисел за Законот за оружје кој е позитивен после сите мислења и наоди од Комисијата каде што се наведени четири регулативи, од кои две се директиви од Европската комисија. Овој закон е усогласен со сите европски регулативи. Носењето на овој закон во прва рака е потребно затоа што носи експлицитност во сите оние делови каде што стариот постоечки закон за оружје имаше некои проблеми и недокажаности – рече Петрушевски.

Реклама

Исто така, членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност дадоа поддршка за предлогот на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски да се одржи јавна расправа по Предлог на законот за оружјето.

-Во согласност со член 129 став 1 од Деловникот како координатор на гратеничката група поднесувам барање за организирање на јавна расправа по Предлог на законот за оружјето. Сметам дека ова јавна расправа е од исклучителна важност за да се обезбеди транспарентност и вклученост на сите засегнати страни, како и да се слушнат мислења, предлози, забелешки од стручната јавност. Предлагаме на јавната расправа да се поканат претставници од засегнатите институции, граѓански организации, експерти, заинтересирани граѓани – се вели во барањето на Спасовски кое на седницата го читаше заменик-претседателот на Комисијата Бобан Карапејовски.