Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ води тројно пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ води речиси тројно пред СДСМ на трите анкети кои партијата за свои потреби ги направила во мај. Според резултатите од анкетите, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,2 проценти од вкупната популација или 42 проценти од определените, за СДСМ 8,6 од вкупната популација или 14,4 проценти од определените граѓани. Од анкетираните, 8 проценти од вкупната бројка […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ води речиси тројно пред СДСМ на трите анкети кои партијата за свои потреби ги направила во мај.

Според резултатите од анкетите, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,2 проценти од вкупната популација или 42 проценти од определените, за СДСМ 8,6 од вкупната популација или 14,4 проценти од определените граѓани.

Од анкетираните, 8 проценти од вкупната бројка се изјасниле дека ќе гласаат за ДУИ, односно за оваа партија би гласале 13 проценти од определените. 

Реклама

За ВЛЕН гласот би го дале 7 отсто од вкупниот број, а 11,5 отсто од определените граѓани. Во третата анкета што партијата ја прави кон крајот на месецот позитивен скок имало кај ВЛЕН и тогаш партијата води пред ДУИ. За ЗНАМ на анкетата се изјасниле 2,3 проценти од вкупниот број, а 3,85 од определените, додека за Левица 6 проценти од вкупната бројка, а 10 проценти од определените.

– Генерално правиме три анкети месечно, две телефонски и една теренска со тоа што едната теренска се прави во првата половина, другата во втората, а на средина телефонската. Потоа вадиме некаков просек и овие бројки се просекот за трите анкети на правени во мај, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.

За мај сите три анкети се работени од три различни куќи. 

– Влегуваме во втора фаза од нашиот мандат и јас сметам дека секоја партија треба да биде подготвена или да се подготвува за избори во овој перод од владеењето, иако ние сметаме дека ќе одиме на регуларни избори во 2028 година, рече Мицкоски. Тој истакна дека секоја сериозна партија на време и сериозно се подготвува за избори.

Најави дека во среда ќе има Извршен комитет на партијата и оти од наредната недела ќе почне со разговорите со коалициските партнери за реконструкција на Владата. Очекува до крај на јуни да заврши процесот на договарање во рамки на коалицијата. Може да има, рече, промени во неколку ресори, но и можни ротации.