Реклама

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Македонија

Зајакната координација меѓу ДИЖС и ЦУК за подобра заштита на животната средина

Државниот инспекторат за животна средина и Центарот за управување со кризи ќе ја унапредуваат меѓуинституционалната координација во областа на заштитата на животната средина, управувањето со ризици и справувањето со кризни состојби. Со Меморандум за соработка, потпишан денеска во присуство на министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, се предвидува редовна размена на информации […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот инспекторат за животна средина и Центарот за управување со кризи ќе ја унапредуваат меѓуинституционалната координација во областа на заштитата на животната средина, управувањето со ризици и справувањето со кризни состојби.

Со Меморандум за соработка, потпишан денеска во присуство на министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, се предвидува редовна размена на информации и податоци, заеднички активности за превенција и рано предупредување, како и соработка во јакнењето на капацитетите на двете институции.

Хоџа порача дека ефикасната заштита на животната средина бара силна координација и навремена комуникација меѓу надлежните институции.

Реклама

– Нашата цел е јасна – институциите да не работат изолирано, туку како еден систем. Систем што навреме препознава ризици, реагира побрзо и спречува поголеми последици по животната средина и здравјето на граѓаните – рече Хоџа.

Меморандумот опфаќа и соработка во подготовка и реализација на заеднички проекти, организирање обуки и размена на стручни искуства, како и активности насочени кон унапредување на техничките и институционалните капацитети на двете институции.

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека останува посветено на поддршка на иницијативи кои водат кон повисоко ниво на заштита на животната средина.