Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Почна расчистување на „Табакана“ Куманово

Почна расчистувањето на локалитетот „Табакана“ во Куманово кој според најавите на локалната власт ќе стане уреден простор, соопшти денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски – Продолжуваме со дислокација на времените објекти (кен куќички) на оваа локација со цел да се прошири капацитетот за паркирање на возила и изградба на детско катче и урбан сквер. Апелирам […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна расчистувањето на локалитетот „Табакана“ во Куманово кој според најавите на локалната власт ќе стане уреден простор, соопшти денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски

– Продолжуваме со дислокација на времените објекти (кен куќички) на оваа локација со цел да се прошири капацитетот за паркирање на возила и изградба на детско катче и урбан сквер. Апелирам до сопствениците на времените објекти да ги дислоцираат контејнерите од државен имот на сопствена сметка, во спротивно општината ќе ги дислоцира преку фирма извршител и ќе ја наплати услугата од сопствениците-соопшти Димитриевски.

На прес-конференција Димитриевски ги отфрли шпекулациите дека на оваа локација се планира изградба на нов станбено-деловен комплекс. Тој појасни дека деталниот урбанистички план кој предвидувал таква можност бил донесен во период пред тој да ја преземе функцијата градоначалник, но актуелната локална власт нема намера да реализира нови градби на оваа локација.

Реклама

– Првин сакам да ги отфрлам сите шпекулации што се однесуваат на локалитетот „Табакана“. Донесен е ДУП во минатото, пред да бидам градоначалник, со кој на таа локација имало можност за изградба на станбено-деловен комплекс. Додека јас сум градоначалник, такво нешто нема да се случи-изјави Димитриевски.

На локацијата ќе се изградат нови паркинг места, како и урбан сквер. До крајот на годината надлежните најавија и уредување на местата во центарот на градот, каде неодамна се отстранија угостителски објекти. Во Куманово на три места ќе се градат урбани скверови, информираа надлежните. На последната седница на Советот со ребалансот на буџетот беа одвоени 9, 5 милиони денари за уредување на овие простори.