Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Најавена реконструкција на Планинарскиот дом на Шар Планина

Министерството за спорт, во соработка со Амбасадата на Австрија во државава почнува проект за реконструкција и модернизација на Планинарскиот дом „Титов Врв“ на Шар Планина. Министерот за спорт Борко Ристовски и австрискиот амбасадор Мартин Памер, денеска потпишаа Меморандум за разбирање со кој се воспоставува рамка за соработка во врска со  реализацијата на овој проект. Во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за спорт, во соработка со Амбасадата на Австрија во државава почнува проект за реконструкција и модернизација на Планинарскиот дом „Титов Врв“ на Шар Планина. Министерот за спорт Борко Ристовски и австрискиот амбасадор Мартин Памер, денеска потпишаа Меморандум за разбирање со кој се воспоставува рамка за соработка во врска со  реализацијата на овој проект.

Во согласност со Меморандумот, Министерството за спорт треба да обезбеди навремено спроведување на релевантните административни постапки со цел да се овозможи добивање на потребните дозволи во разумен рок, за партнерите да можат да го реализираат Проектот во периодот од јули до септември 2026 година. Амбасадата на Австрија, пак, ќе ја поддржи реализацијата на Проектот, пред сè, преку негова промоција и преку мобилизирање на релевантните чинители потребни за негово спроведување, особено имплементаторите на Проектот, како и преку поддршка од македонски и австриски компании кои работат во државава. 

– Заедничката цел на Проектот, кој има исклучиво непрофитен карактер, е трансформација на објектот во современ планинарски дом со дополнителни содржини, со цел подобрување на условите за безбеден престој и ноќевање на планина и зголемување на атрактивноста на Шар Планина за планинарите и посетителите –  информира прес-службата на Министерството за спорт. 

Реклама

Проектот претставува продолжение на активностите на Амбасадата на Австрија на Шар Планина, вклучително и проектот „Славков“ заедно со Чешката и со Словачката Амбасада за обележување на планинарската патека од Попова Шапка до Титов Врв, насочен кон развој на безбеден и одржлив планински туризам. По завршувањето на Проектот, реконструираниот Планинарски дом „Титов Врв“ ќе претставува водечки пример и симбол на македонско-австриското пријателство.

Министерството за спорт информира дека реконструкцијата и модернизацијата на Планинарскиот дом со дополнителни содржини, вклучително и електрична енергија и интернет-конекција за потребите на метеоролошка станица, како и подобрените услови за престој и ноќевање, ќе придонесат за неговата повеќенаменска функција и ќе му служат на Националниот парк Шар Планина во извршувањето на неговите надлежности, особено во спасувачки операции, превенција од пожари и други вонредни состојби.

– Дополнително, домот ќе се користи одговорно и совесно како отворен и инклузивен објект за планинари, спортисти, туристи и за пошироката јавност. По извршената реконструкција, Министерството за спорт ќе го предаде објектот на користење на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ), се вели во соопштението.