Реклама

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Македонија

Мицкоски: Струјата од 2027 година би можела да поевтини за 5 до 10 проценти

Следната година граѓаните ќе плаќаат пефтина струја за 5 до 10 проценти – прогнозира премиерот Христијан Мицкоски. Владата го подготвува теренот за преговори со ЕВН хоум и ЕСМ во пресрет на новата цена на електричната енергија. До крајот на годината треба да биде распишан тендер кој ќе го одреди клучното прашање за секое домаќинство- колку […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Следната година граѓаните ќе плаќаат пефтина струја за 5 до 10 проценти – прогнозира премиерот Христијан Мицкоски. Владата го подготвува теренот за преговори со ЕВН хоум и ЕСМ во пресрет на новата цена на електричната енергија. До крајот на годината треба да биде распишан тендер кој ќе го одреди клучното прашање за секое домаќинство- колку ќе чини струјата од јануари 2027. Според Мицкоски, ако овие проекции се реализираат, тоа би значело пониски сметки за илјадници семејства во услови кога граѓаните со години се соочуваат со раст на животните трошоци.

“Тоа ќе биде нешто што досега не се случило – да ги искористиме поволностите на обновливите извори на енергија, тоа е Сонцето, и во тој микс во текот на целата година да обезбедиме просечна цена на електричната енергија којашто, еве, јас сум умерен оптимист, би била 5 до 10 проценти поевтина од сегашната. Но, ајде да видиме како сето тоа ќе го операционализираме..” – рече Мицкоски.

Очекувањата на премиерот се дека до крајот на годинава, Македонија за прв пат наместо за увезува, ќе почне да извезува струја – што е доказ за стабилноста на енергетискиот систем во државата. Се воведуваат и реформи во тргувањето со електрична енергија со цел државата целосно да ја трансформира својата енергетска позиција.

Реклама

“Нашата цел заоваа година, за прв пат на крајот од годината бидеме нето извозник на електрична енергија и мислам дека тоа ќе го постигнеме.Добро е што државната ЕСМ се консолидира и во првиот квартал од годината очекувам за прв пат да имаме позиивни резултати. Консолидирани се акумулациите знаете во јуни 2024 на некои 7 посто денеска се на 80 проценти исполнетост.” – вели премиерот.

Експертите укажуваат дека полека но сигурно Македонија станува енергетски независна. Од Регулаторната комисија за енергетика очекуваат целокупната произведена струја да биде доволна за домашниот пазар. Но, вишоците на произведената струја од обнивливи извори засега не можат да се продадат во ЕУ, поради тоа што доцниме со усогласување на регулативите со Унијата.

Ања Лукарова