Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Владата утре ќе именува нов претседател на Советот за македонски јазик, почнува обуката за петмина инспектори

Новиот претседател на Советот за македонски јазик ќе биде познат утре за кога е закажана следната седница на Владата. Ова денеска го изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на брифинг со новинарите, на кој присуствуваше и директорката на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик – Менче Андреева. Љутков не ги коментира причините за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот претседател на Советот за македонски јазик ќе биде познат утре за кога е закажана следната седница на Владата. Ова денеска го изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на брифинг со новинарите, на кој присуствуваше и директорката на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик – Менче Андреева.

Љутков не ги коментира причините за оставката на претходната претседателка на Советот, но нагласи дека кадровското решение ќе биде дефинирано на утрешната владина седница.

На брифингот фокусот беше ставен и на почетокот на процесот за обука на инспекторите по македонски јазик. Директорката на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, Андреева, појасни дека веднаш по нивното формално вработување, ќе почне законски предвидената процедура за обука во траење од една година по што кандидатите ќе полагаат испит за стекнување лиценца за инспектор.

Реклама

– На претходните состаноци со колегиумот на директори веќе разговаравме за самиот процес на обука. Она што го договоривме е дека постои можност овие инспектори да бидат преземени во однос на практичната обука, односно да следат обука во други функционални инспекторати, бидејќи ние во моментот немаме искусни инспектори во нашиот оддел. Следува потпишување меморандум за да се стави целиот тој договор на хартија кога ќе се вработат инспекторите – посочи Андреева.

Одговарајќи на прашањето дали се доволни само пет инспектори за територијата на целата држава, Андреева потврди дека нејзиното првично барање било за 12 инспектори, но посочи дека и со оваа бројка е во ред да се почне постапката. Таа најави дека во иднина ќе се работи на дополнително проширување на тимот со цел Инспекторатот да биде целосно функционален и ефикасен во својата работа.

Во врска со примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, Андреева информира дека до Владата е доставена информација со барање институциите да достават податоци до Инспекторатот за состојбите на терен. 

Според неа, 50-ина институции веќе одговориле на барањето, при што повеќето посочиле дека во моментот немаат вработено лектори, но дека работат на измени на систематизациите за да обезбедат такви работни места.

– Некои од институциите, 50-ина, веќе ни доставија информации за тоа дали имаат вработено лектори, дали ги лекторираат своите документи, дали користат услуги од надворешни лектори и дали имаат предвидено работно место за лектор во нивната систематизација. Повеќето од институциите одговорија дека во моментот немаат вработено лектор. Меѓутоа, охрабрувачки е тоа што повеќето од нив веќе прават измени во своите систематизации – нагласи Андреева и додаде дека активностите во изминатата година дале резултат и ја подигнале свеста за правилната употреба на македонскиот стандарден јазик во законодавната, извршната и во судската власт, јавните установи, медиумите и кај правните лица, каде што тоа е задолжително со закон. 

Советот за македонски јазик од мај годинава е без прв човек на институцијата откога професорката Симона Груевска поднесе оставка од позицијата претседателка на Советот.