Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Љутков: Три проценти од приходите од игрите на среќа ќе одат за филмот, четири за туризмот

Министерството за култура и туризам во 2026 година ќе располага со буџет од 5 милијарди и 520.504 илјади денари, а дополнителни 285 милиони денари ќе бидат обезбедени од приходите од игрите на среќа за поддршка на културата и туризмот – информира денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Љутков  на брифингот со новинарите истакна дека […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за култура и туризам во 2026 година ќе располага со буџет од 5 милијарди и 520.504 илјади денари, а дополнителни 285 милиони денари ќе бидат обезбедени од приходите од игрите на среќа за поддршка на културата и туризмот – информира денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Љутков  на брифингот со новинарите истакна дека со новите законски решенија се обезбедува траен финансиски механизам за развој на филмската индустрија и туризмот, при што три проценти од приходите од игрите на среќа ќе се издвојуваат за Агенцијата за филм, а четири проценти за развој на туризмот, без ограничување на годишниот износ.

– Во согласност со новите законски решенија, 3 проценти од приходите од игрите на среќа ќе се одвојуваат директно за Агенцијата за филм, без ограничување на висината на средствата на годишно ниво. Со тоа се обезбедуваат значително поголеми финансиски ресурси, пред сè за домашни филмови и серии, поддршка на млади автори, дебитантски проекти и развој на аудиовизуелната индустрија. Дополнително, уште 4 проценти од приходите ќе се одвојуваат за развој на туризмот, исто така без горна граница – истакна Љутков.

Реклама

Тој нагласи дека во тек се повеќе законски и стратешки процеси, меѓу кои нов закон за култура, национална стратегија за развој на културата 2026 – 2030 и стратегија за развој на туризмот 2027 – 2030, кои, како што рече, треба да бидат завршени до крајот на годинава.

Во делот на капиталните инвестиции, министерот посочи дека за изградба, реконструкција и санација на културни објекти се предвидени 407 милиони денари, од кои до јуни се реализирани речиси 100 милиони денари.

Според него, до крајот на годинава се очекува завршување повеќе капитални проекти, меѓу кои театарот во Струмица, реконструкцијата на поранешното кино „Партизан“, реновирањето на просториите на Националната установа „Џез-оркестар“ и санацијата на терасите во Македонскиот народен театар. 

– Посебно задоволство претставува динамичната и успешна реализација на реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје. Со сегашната брзина на работите реконструкцијата треба да заврши во предвидениот договорен рок – рече Љутков.

Во областа на креативните индустрии, Министерството спроведува национално истражување и мапирање на секторот во соработка со Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ, а поддржани се 37 проекти во вкупна вредност од 16 милиони денари.

Љутков информира и дека државата по подолг период, повторно реализирала откуп на уметнички дела, при што се набавени 37 дела од истакнати македонски автори во вредност од над шест милиони денари.

Во делот на заштитата на културното наследство, министерот ги издвои активностите на локалитетот Стоби, адаптацијата на Старата железничка станица во центар за посетители, реконструкцијата на Спомен-домот на Разловечкото востание и проектот за центар за промоција на македонскиот јазик во Љубојно.

Осврнувајќи се на туризмот, министерот Љутков рече дека за промоција и поддршка на туризмот годинава се предвидени 186 милиони денари, од кои 150 милиони се наменети за субвенции за туристички промет.

Одговарајќи на новинарско прашање за најавената реконструкција на Владата и дали има некаква поврзаност на денешниот брифинг со најавите на премиерот Христијан Мицкоски за нејзина реконструкција, министерот рече дека одлуката е во надлежност на премиерот.

– Тоа е негова одлука; премиерот на Владата назначува и разрешува. Наша задача е да ја завршиме работата онака како што треба, да ја реализираме програмата, особено владината програма. А во делот на реализацијата на владината програма, имаме многу висока реализација. Така што, ова не е некакво совпаѓање, како што вие мислите, туку е редовен министерски брифинг со новинарите. Не знам дали има совпаѓање и дали ќе имаше врска доколку го направевме 10 дена порано, но како и да е, едното со другото нема никаква врска. Ова се редовни брифинзи и состаноци во врска со работата на Министерството – рече Љутков.