Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицкоски: СДСМ продолжува да биде мекото ткиво во македонскиот национален идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на новинарско прашање за евроинтеграциските ставови на СДСМ, изнесени на партискиот конгрес, изрази жалење што партијата продолжува да биде мекото ткиво во македонскиот национален идентитет. По работната посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, претседателот на Владата забележа дека СДСМ на вчерашниот конгрес не покажала ништо поинакво од претходно. – ​Еве, јас […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на новинарско прашање за евроинтеграциските ставови на СДСМ, изнесени на партискиот конгрес, изрази жалење што партијата продолжува да биде мекото ткиво во македонскиот национален идентитет.

По работната посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, претседателот на Владата забележа дека СДСМ на вчерашниот конгрес не покажала ништо поинакво од претходно.

– ​Еве, јас само можам да кажам дека од оној фолклор што сме навикнати да го слушнеме не видовме ништо поинакво. За жал, СДСМ продолжува да биде мекото ткиво во македонскиот национален идентитет. Јас жалам што од некогаш државотворна партија се претвори во една група што се бори за да го штити својот личен интерес. Но, тоа е што е. Сега тие избрале таква политика така да се однесуваат. Ние тука не можеме ништо повеќе да сториме. Затоа понекогаш и можеби и не треба да коментираме сѐ што тие кажуваат – изјави Мицкоски.