Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВРЕДИ: Правичната застапеност станува закон, институциите ќе носат одговорност

Правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. За првпат во историјата, ова право нема да остане само запишан принцип или политичко ветување, туку станува гарантирано, заштитено и задолжително за институциите. Досега многу работи зависеа од нечија волја, од расположението на некој министер или од политички пазарења. Со овој закон, на тоа му доаѓа крај, изјави […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. За првпат во историјата, ова право нема да остане само запишан принцип или политичко ветување, туку станува гарантирано, заштитено и задолжително за институциите. Досега многу работи зависеа од нечија волја, од расположението на некој министер или од политички пазарења. Со овој закон, на тоа му доаѓа крај, изјави Албрим Хоџа од ВРЕДИ на прес-конференција.

За законот да не остане само на хартија, ќе има Координативно тело, кое ќе го предводи првиот вицепремиер. Пред ова тело извештаи ќе поднесуваат сите институции, без исклучок. Веќе нема да има оправдувања, туку следење, известување и одговорност.

Во рок од шест месеци од донесувањето на законот ќе се донесе методологија што во практика ќе ја уреди правичната застапеност, годишните планови за вработување и конкурсите. Таа ќе се заснова на последниот попис на населението, за застапеноста да го одразува реалниот демографски состав.

Реклама

Една важна и историска новина е што законот нема да важи само за вработувањата, туку и за унапредувањата на работното место. Не е доволно некој да се вработи во администрација, а потоа со години да остане на истото ниво. Со овој закон се отвора пат за унапредување и за поголемо учество во одлучувањето.

Законот го решава и проблемот со злоупотребите што ги видовме со балансерот. Самоизјаснувањето не може да биде покритие за измама и никој не смее да си игра со идентитетот заради конкурс. Проверката ќе се врши врз основа на официјални податоци, вклучително и личната карта.

Вистинската одговорност е политичка. Ако некој функционер не го почитува законот, ќе биде разрешен. Граѓаните не треба да плаќаат од буџетот за ничија неодговорност. Ова е победа за Албанците и за сите етнички заедници, унапредување на Охридскиот договор и голем чекор кон поправедна држава. Она што не се направи за 25 години, ВРЕДИ го прави за 25 месеци.