Реклама

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Македонија

Им го гребнал ретровизорот, па го чекале во грмушка со пиштоли – обид за убиство во Шишево

За гребнат ретровизор, му поставиле заседа како за крвна одмазда. Банален сообраќаен инцидент во Шишево, се претворил во вооружена пресметка за која двајца браќа ќе одговараат за обид за убиство.  Обвинителството истражува двајца браќа на возраст од 43 и 44 година во скопско Шишево. Во саботата, двајца возачи се разминале во близина на авто-плац, но […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За гребнат ретровизор, му поставиле заседа како за крвна одмазда. Банален сообраќаен инцидент во Шишево, се претворил во вооружена пресметка за која двајца браќа ќе одговараат за обид за убиство. 

Обвинителството истражува двајца браќа на возраст од 43 и 44 година во скопско Шишево.

Во саботата, двајца возачи се разминале во близина на авто-плац, но се случил мал сообраќаен инцидент со гребаница на ретровизорот. Но наместо европски записник, започнала расправија, а следувала и вербална пресметка. Еден од осомничените го фатил другиот возач за врат и му се заканувал, но сведоци успеале да ја смират ситуацијата, покажала истрага досега. Сепак, конфликтот не завршил таму.

Реклама

Откако нападнатиот ја зел сопругата од работа, го повикал својот брат за да провери дали патот е безбеден за враќање. Но, во близина на местото каде што претходно избувнала расправијата, двајцата осомничени, ги чекале скриени во грмушки и вооружени со пиштоли. Во моментот кога возилото поминувало покрај нив, едниот од браќата испукал два куршума. Еден од проектилите го погодил братот на претходно нападнатиот маж во главата, нанесувајќи му тангенцијална повреда, односно завршил само со површинска рана.  

  • „Со пукањето биле загрозени и уште две лица кои се наоѓале во близина. Јавниот обвинител за двајцата осомничени побара притвор. Тие се товарат врз основа на сомнение дека се соизвршители на кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид)“ стои во соопштението од ОЈО .

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик осомничените да го повторат или довршат делото за кое се гонат,  судот го прифатил предлогот на обвинителството двајцата браќа да одат во притвор 30 дена.