Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Наместо обединувачки конгрес, приватна забава на Филипче: Празни столчиња, истрошени кадри, скиселени лица

Празни делегатски столчиња, истрошени партиски кадри и скиселени лица – 32-от конгрес на СДСМ, повеќе наликуваше на приватна забава на Филипче, отколку на некаков си „Фронт за вистина и правда“, кој треба да донесе обединување на партијата. Своевиден бојкот на конгресот имаше и од поранешните партиски лидери. Се појавија Бучковски и Ковачевски, но тројцата лидери […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Празни делегатски столчиња, истрошени партиски кадри и скиселени лица – 32-от конгрес на СДСМ, повеќе наликуваше на приватна забава на Филипче, отколку на некаков си „Фронт за вистина и правда“, кој треба да донесе обединување на партијата. Своевиден бојкот на конгресот имаше и од поранешните партиски лидери. Се појавија Бучковски и Ковачевски, но тројцата лидери со кои СДСМ се гордее Црвенковски, Шекеринска и Заев ги немаше. Немаше ни некои нови лица кои требало да се иднината на социјалдемократите. Според познавачите, ваквата атмосфера остава впечаток дека тие под раководната палка на Филипче продолжуваат да тонат, затоа што еден конгрес треба да биде место каде ќе дојдат и задоволните и незадоволните, и да има дебата.

-Многу поранешни и сегашни видни лица кои што не присуствуваа на тој конгрес, со што за жал СДСМ праќа една порака дека нема единство внатре во партијата и дека не може да ги обедини сите струи и крила, за да може да настапи пред граѓаните. И обично кога тоа го гледаат граѓаните, тоа испраќа една лоша порака до гласачите, до симпатизерите и членови и затоа за жал се случува раслојување, кое што го имаме и сега, а се најавува и некое ново раслојување во иднина, изјави претседателот на партијата „Српска демократска лига“, Саша Богдановиќ.

Покрај тоа што самата атмосфера покажа дека состојбата во СДСМ е далеку од добра, на конгресот од партискиот лидер можеа да се слушнат веќе видени фрази. Иако се водржа да го изусти директно поимот „ставете ги Бугариоте во устав“, главната поента му остана дека мора да се исполни ветеното кон Европската Унија. Според Богдановиќ со своите фразни фрази, Филипче само отвора проблеми каде што не се потребни за партијата.

Реклама

-На еден начин отворате непотребен фронт, истото тоа го прави и со новинари, со поранешни фунцкионери, луѓе кои што имаат различно мислење и со тоа пак продолжува со раслојување на партијата и затоа се тие празни столчиња, бидејќи тие луѓе не согласуваат со таквиот начин на водење на политичката партија СДСМ, изјави Богдановиќ.

Инаку, Венко Филипче на вчерашниот конгрес, по речиси две години раководење во партијата, кажа дека сега ќе ја враќа социјалдемократијата во СДСМ. На 32-от програмски конгрес насловен „Твоја држава- твоја шанса“, опозициската партија промовираше како што самите си ја нарекоа нова идеолошка платформа, каде можеше да се видат мерки вадени од ракав.

Матеја Петровски