Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Манасиевски: Со што е уценет Филипче за да направи ново предавство на Македонија?

Почитувани. Гледајќи низ призмата на историјата, најголемите предавства ги има направено СДСM. Од менување на име, знаме, Устав, за денес повторно СДСM да се спремни за ново предавство на чело со Филипче. Овој пат не било какво предавство туку најстрашното за македонскиот народ, а тоа е редефинирање на историјата, негирање на јазикот и идентитетот. Се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани. Гледајќи низ призмата на историјата, најголемите предавства ги има направено СДСM. Од менување на име, знаме, Устав, за денес повторно СДСM да се спремни за ново предавство на чело со Филипче. Овој пат не било какво предавство туку најстрашното за македонскиот народ, а тоа е редефинирање на историјата, негирање на јазикот и идентитетот.

Се она што сме го учеле и пренесувале од колено на колено, Филипче и СДСM се спремни да го променат. Филипче и СДСM утре би потпишале дека постоиме од 1945 година. И без разлика на тоа што конечно ЕУ не гледа како достоинствена држава, со напредна економија, која е сериозна во намерите да успее во реформите и да биде пример во регионот, Румен Радев, Венко Филипче и СДСM повикуваат на уставни измени.

За Радев ни е јасно, меѓутоа со што е уценет Филипче за да води таква политика? Наместо да застане во одбрана на македонските интереси, тој ги распродава. Почитувани граѓани, добро е да се потсетиме зошто СДСM и Филипче се во опозиција. Затоа што одат по стапките на Заев. Затоа рејтингот им е колку една шака и ќе бидат декласирани на следни избори.