Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Македонска Каменица најави засилени инспекциски контроли, граѓаните имаат рок од 15 дена за отстранување на неправилностите

Општина Македонска Каменица најави дека во наредниот период ќе спроведува засилени инспекциски контроли на целата територија на општината, со цел подобрување на јавниот ред, чистотата и заштитата на животната средина. Како што информираа од локалната самоуправа, контролите ќе се реализираат врз основа на повеќе законски прописи, меѓу кои Законот за локалната самоуправа, Законот за комуналните […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Македонска Каменица најави дека во наредниот период ќе спроведува засилени инспекциски контроли на целата територија на општината, со цел подобрување на јавниот ред, чистотата и заштитата на животната средина.

Како што информираа од локалната самоуправа, контролите ќе се реализираат врз основа на повеќе законски прописи, меѓу кои Законот за локалната самоуправа, Законот за комуналните дејности, Законот за јавна чистота, Законот за управување со отпад, Законот за животната средина и Одлуката за комунален ред на Општина Македонска Каменица, а согласно Договорот за меѓуопштинска соработка со Општина Делчево за вршење инспекциски надзор од областа на животната средина.

Според најавите, инспекциските служби ќе вршат контроли за отстранување на хаварисани, нерегистрирани и напуштени возила од јавните површини, како и на огревни дрва, градежен материјал, отпад и други предмети оставени на тротоари, улици, паркинзи и други јавни простори.

Реклама

Во фокусот на инспекцискиот надзор ќе бидат и спречувањето на загадувањето и нарушувањето на јавната чистота, како и контролата на одгледувањето и чувањето живина, свињи и други домашни животни спротивно на законските и општинските прописи.

Од Општина Македонска Каменица ги повикаа граѓаните, како и правните и физичките лица, во рок од 15 дена од објавувањето на соопштението доброволно да ги отстранат утврдените неправилности и да постапат согласно важечките законски одредби.

-По истекот на овој рок, надлежниот инспектор ќе спроведува инспекциски надзор и ќе презема мерки во согласност со законските овластувања, што вклучува изрекување опомени, донесување решенија, издавање прекршочни налози и поведување соодветни постапки, наведуваат од општината..

Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните со одговорно однесување да придонесат за почиста, побезбедна и поздрава животна средина во општината.