Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Истражување: ГЛП-1 лековите за слабеење го намалуваат ризикот од рак за 41 отсто

Лековите за слабеење засновани на рецепторот ГЛП-1 се поврзани со намалување од 41 отсто на опасноста од рак поврзана и со тежината, и тоа кај пациенти со дебелина без дијабетес, посочуваат новите научни испитувања. Написот е објавен во „Анали на онкологијата (Annals of Oncology)“, а истражувањето опфати повеќе од 229.000 пациенти од САД. Ова е […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лековите за слабеење засновани на рецепторот ГЛП-1 се поврзани со намалување од 41 отсто на опасноста од рак поврзана и со тежината, и тоа кај пациенти со дебелина без дијабетес, посочуваат новите научни испитувања. Написот е објавен во „Анали на онкологијата (Annals of Oncology)“, а истражувањето опфати повеќе од 229.000 пациенти од САД. Ова е прво проучување од ваков вид кај популација без дијабетес.

Лековите како „Оземпик (Ozempic)“, „Вегови (Wegovy)“, „Мунџаро (Mounjaro)“ или „Зепбаунд (Zepbound)“ беа споредени со диета и вежбање. Резултатите покажаа значително намалување на опасноста кај мажите – речиси 70 отсто, и кај ракот на матката – 58 отсто.

Инаку, 13 вида рак се поврзани со дебелината и сочинуваат околу 40 отсто од дијагностицираниот рак во земјите со високи приходи. Нивната инциденца расте брзо кај помладите возрасни лица. Д-р Апарна Камат од Методистичката болница во Хјустон, САД, смета дека наодите „би можеле да го трансформираат начинот на којшто размислуваме за превенција од рак“, но предупреди дека податоците не докажуваат причина и последица.

Реклама

– Намалувањето на опасноста од рак сè уште не треба да биде самостојна причина за препишување ГЛП-1 лекови… Но, кај пациентите кои веќе се кандидати за овие лекови, податоците даваат дополнителна и потенцијално важна причина за тој разговор, рече таа.

ГЛП-1 лековите беа развиени за лекување дијабетес, но во овој миг се најшироко користениот лек за слабеење. Во таа смисла, бројот на недијабетични пациенти со зголемена тежина во САД кои користат ваков лек се зголеми од 21.000 во 2019 година на повеќе од 174.000 до 2023 година.