Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Драмски театар со „Кармен“ на фестивал во Романија

Претставата „Кармен“ вечер е во официјалната програма на 14. Меѓународен фестивал за изведувачки уметности БАБЕЛ, што се одржува во градот Т’рговиште, Романија. Фестивалот е основан во 2007 година од Театарот „Тони Буландра“ со идеја да создаде простор за средба на различни култури, театарска естетика и современа сценска практика. Монодрамата „Кармен“ е работена по мотив од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставата „Кармен“ вечер е во официјалната програма на 14. Меѓународен фестивал за изведувачки уметности БАБЕЛ, што се одржува во градот Т’рговиште, Романија. Фестивалот е основан во 2007 година од Театарот „Тони Буландра“ со идеја да создаде простор за средба на различни култури, театарска естетика и современа сценска практика.

Монодрамата „Кармен“ е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен има добиено неколку меѓународни награди и признанија. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајкоски.

Гостувањето во Романија ќе биде 51. изведба по премиерата што претставата ја имаше во мај 2021 година. Она што БАБЕЛ го издвојува од другите фестивали е неговата програма во која се вклучени: драмски претстави, современ танц, уличен театар, циркуски претстави и перформанси, музички настани, работилници и мастер-класови, изложби и мултимедијални проекти. Целиот град Т’рговиште за време на фестивалот се претвора во голема сцена со настани во театри, на плоштади, на историски локалитети и во алтернативни простори, велат организаторите.

Реклама

Името БАБЕЛ се поврзува со библиската Вавилонска кула и симболизира дијалог меѓу различни јазици, култури и уметнички изрази. Главната мисија на фестивалот е преку сценските уметности да создаде меѓукултурна комуникација и размена на идеи.

На фестивалот учествуваат ансамбли и уметници од Европа и од Азија. Тоа се театарски куќи од Полска, Грузија, Португалија, Франција, Чешка, Јужна Кореја и од други земји. Фестивалот е член и партнер на европски фестивалски мрежи, препознат од Европската асоцијација на фестивали.

За меѓународната соработка на Драмскиот театар ваквите гостувања се од особена важност поради можноста да се видат современите сценски форми и различната театарска естетика на другите театарски куќи, да се реализираат средби и да се воспостави соработка со меѓународната мрежа на директори на театри, фестивали и селектори.