Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

„Физика на радоста“ на Театар Пи утревечер во Центарот за култура „Ѓорче Петров“

По едногодишни подготовки, утревечер со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ ќе биде изведена премиерата на театарската претстава „Физика на радоста“ на Театар Пи. Претставата го преиспитува човекот како суштество составено од туѓи сеќавања, недоизговорени приказни, тишини, стравови и нежности – елементи што секој од нас ги носи низ животот како […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По едногодишни подготовки, утревечер со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ ќе биде изведена премиерата на театарската претстава „Физика на радоста“ на Театар Пи. Претставата го преиспитува човекот како суштество составено од туѓи сеќавања, недоизговорени приказни, тишини, стравови и нежности – елементи што секој од нас ги носи низ животот како свој личен лавиринт, се наведува во денешното соопштение на Театар Пи.

– Проектот е директно инспириран од книжевниот универзум на романот „Физика на тагата“ на бугарскиот писател Георги Господинов и ја развива идејата дека секој човек во себе носи едно дете, едно чудовиште и една напуштена соба која долго време останала затворена. Во овој визуелно-театарски концепт, митскиот Минотаур не е прикажан како чудовиште, туку како симбол на невидливото, отфрленото и несфатеното во општеството. Лавиринтот, пак, не е само физички простор, туку внатрешна состојба на човекот и неговите лични борби. Особена вредност на проектот е неговата инклузивност. Креативниот процес и сценските дела се создадени од лица со типичен и атипичен развој од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Скопје, заедно со членовите на Театар Пи. Претставата претставува простор изграден врз доверба, различност, прифаќање и емпатија – пишува во соопштението.

Автор на текстот е Златко Митрески, кој заедно со Македонка Митреска Илиевска ја потпишува и режијата. Музиката е дело на бендот Алембик и Дино Рамо, а за костимите и шминката е задолжена Сандра Миовска.

Реклама

– Кога тагата конечно ќе се измери, на другата страна од кантарот останува радоста. Повелете да ја измерите со свои очи – порачуваат организаторите во соопштението до јавноста.

Проектот е финансиран од Бугарска развојна помош. Билетите за претставата се достапни на интернет.