Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Архивската недела по повод Меѓународниот ден на архивите

Државниот архив на Македонија ја одбележува Архивската недела под слоганот „Отворени за светот: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“. Меѓународниот ден на архивите – 9 јуни, се одбележува секоја година во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО. Во периодот од 8 до […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот архив на Македонија ја одбележува Архивската недела под слоганот „Отворени за светот: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“.

Меѓународниот ден на архивите – 9 јуни, се одбележува секоја година во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО.

Во периодот од 8 до 12 јуни се одржува Архивската недела, која го нагласува значењето на архивите како активни чинители во зачувувањето на колективната меморија, заштитата на правата на граѓаните и градењето на иднината. Овогодинешното мото ја истакнува потребата архивите да бидат отворени, достапни и поврзани со заедницата, покажувајќи дека тие не се само чувари на минатото, туку и важен фактор во развојот на современото општество.

Реклама

По тој повод, Државниот архив организира серија настани посветени на промоцијата на архивското наследство и неговата достапност за јавноста.

Во рамките на Архивската недела, утре во  НУ Музеј на тетовскиот крај во Тетово че има промоција на книга и изложба посветени на османлискиот период во Македонија. На 10 јуни во НУ ЦК „Tрајко Прокопиев” во Куманово ќе биде промовирано јубилејното издание „Државниот архив – столб на македонското битие“, проследено со изложба по повод јубилејот на Државниот архив.