Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM и Филипче не сакаат Македонија да успее, затоа повеќе од Бугарија бараат уставни измени и им смета секој меѓународен напредок и дипломатски успех

СДСM и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава. СДСM и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава. СДСM и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси.

Тоа му предизвикува голема нервоза на Филипче, продолжената рака на Зоран Заев кој е познат по најголемите национални предавства, па сака да го надмине неговиот ментор, па секој ден бара уставни измени и со тоа и редефинирање на историјата.

Реклама

Само во една недела Македонија доби признание за двегодишната посветена работа на Владата и силна потврда за правилната насока во која се движи државата.

Прво, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, од Скопје испрати јасна порака дека државата има видлив напредок во исполнувањето на Реформската агенда, па потоа следеше изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за периодот 2027-2029 година.

Ова се случува прв пат од независноста на Македонија и е сериозен дипломатски успех што претставува доверба, препознаен капацитет и меѓународна потврда за државата.

Паралелно со тоа, се усвои нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кој испраќа важна порака дека државата останува јасно препознаена како европска држава која е посветена на реформите, регионалната стабилност и партнерството со ЕУ и НАТО.

А, тука не смее да го заборавиме и завршувањето на пост-мониторингот процесот со Советот на Европа, со што се потврдува дека Македонија ги исполнува сите демократски капацитети.

Голема и јасна е разликата меѓу СДСM на Заев и Филипче и ВМРО-ДПМНЕ. Македонија со ВМРО-ДПМНЕ на власт е држава која гради партнерства, добива доверба и испорачува резултати, за разлика од СДСM и Филипче кои спроведуваат туѓа агенда.

Додека владата ја позиционира Македонија како достоинствена и почитувана европска држава, Филипче е спремен на се само некој да го донесе на власт, па затоа повеќе дури и од Бугарија, бара уставни измени.

Државата оди напред, достоинствено се претставува и се развива, само на СДС и Филипче, кои не сакаат државата да успее, тоа им смета.