Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За да зборува за обединување и борба против криминалот и корупцијата, Филипче прво да почне со расчистувањето на криминалот во редовите на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче организирал конференција на која зборувал за нивниот таканаречен, антикорупциски Закон, но дали на присутните им кажал дека во редовите на највисокиот партиски орган има лице осудено на затворска казна, Филип Андонов, и дека во притвор им е Стефан Богоев, некогашен младински претставник на партијата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче организирал конференција на која зборувал за нивниот таканаречен, антикорупциски Закон, но дали на присутните им кажал дека во редовите на највисокиот партиски орган има лице осудено на затворска казна, Филип Андонов, и дека во притвор им е Стефан Богоев, некогашен младински претставник на партијата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче. 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче организирал некаква си конференција, за која не му присуствувал ниту еден претседател на партија од сестринските на СДС во регионот.

Но, нејсе, тоа е негова лична и партиска работа, седенки може да си прави со кого сака и кај сака.

Реклама

Слушнавме дека Филипче пак зборувал за нивниот таканаречен, антикорупциски Закон, па не интересира дали на претставниците од регионот им кажал дека во редовите на највисокиот партиски орган, ИО на СДСМ има лице осудено на затворска казна, Филип Андонов.

Исто така, им кажа ли Филипче на присутните на таканаречената конференција дека во притвор им е Стефан Богоев, некогашен младински претставник на партијата, затоа како директор на Царинска управа местел тендери за кои добивал финансиска надокнада.

Кога сме кај криминалот на Богоев прашуваме, колку пари треба Богац да украде, тоа Филипче да го смета за криминал?

Следно и најважно, им кажа ли Филипче на регионалните претставници дека тој како министер за здравство лично ја подготвил тендерската спецификација за набавка на модуларни болници надвор од сите стандарди и дека во една од нив, во тетовска за две минути живи му изгореа 14 луѓе.

Освен што сам го подготвил тендерот за модуларните, Филипче потпишал и анекс на договорот за зголемување на цената за 20%, што отвора сомнеж дека станува збор за провизија која завршила во негов џеб.

Им кажа ли Филипче дека во корона периодот сакал да набави ковид вакцини од фирма за трговија со јужно овошје, за двојна повисока цена од пазарната, и дека фирма која добила тендери за јаглен од ЕСМ, му подарила џип Ауди Q10. И дека, само за да го донесат на власт, се претворил во пиун на Румен Радев и повеќе од Бугарија бара уставни измени.

Долга е листата што се Филипче требало да каже на денешната собиранка во Скопје, за да има кредибилитет да зборува за некакво обединување и борба против криминалот и корупцијата.

За да биде кредибилен фактор, како што не е, Филипче прво треба да започне со расчистувањето на криминалот во редовите на СДСМ, првенствено почнувајќи од самиот себе.