Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Делчево ги зајакнува меѓународните врски: Посета на Ешалан и размена на искуства со Швајцарија

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, престојува во официјална посета на Ешалан, Швајцарија, каде што оствари средба со градоначалникот Серж Борник. Посетата е насочена кон продлабочување на меѓусебната соработка, размена на искуства и запознавање со добри практики од швајцарскиот систем на локално управување. На средбата, Гоцевски ги претставил тековните активности и развојни проекти што се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, престојува во официјална посета на Ешалан, Швајцарија, каде што оствари средба со градоначалникот Серж Борник. Посетата е насочена кон продлабочување на меѓусебната соработка, размена на искуства и запознавање со добри практики од швајцарскиот систем на локално управување.

На средбата, Гоцевски ги претставил тековните активности и развојни проекти што се реализираат во Делчево, со акцент на модернизацијата на општината, подобрувањето на инфраструктурата и унапредувањето на условите за живот на граѓаните. Посебно внимание било посветено на визијата за одржлив локален развој.

-Швајцарија претставува пример за организираност, ефикасност и посветеност, од кој може многу да се научи. Ваквите средби се значајни за стекнување нови идеи и нивна примена во нашата општина- истакнал Гоцевски.

Реклама

Во рамки на посетата, македонската делегација ја посетила и пречистителната станица за отпадни води во Ешалан, каде што се запознала со современите решенија за третман на отпадните води и заштита на животната средина. Според Гоцевски, искуствата од швајцарските практики можат да бидат корисни и за идните развојни проекти во Делчево.

Тој изразил благодарност за континуираната поддршка што Швајцарија ѝ ја обезбедува на Општина Делчево преку различни проекти насочени кон јакнење на локалните капацитети и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Како дел од посетата, била упатена и официјална покана до градоначалникот Борник да го посети Делчево и одблиску да се запознае со природните убавини, културното наследство и развојните потенцијали на градот.

Од Општина Делчево очекуваат дека ваквите средби ќе придонесат за воспоставување долгорочни партнерства и имплементација на современи решенија во интерес на локалната заедница.