Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Општина Тетово воведе бесплатен превоз за жителите на три планински села

Од денеска официјално е пуштена во употреба новата бесплатна линија на јавен превоз за жителите на тетовските села Бродец, Вешала и Бозовце, информираа од Општина Тетово. Новата линија ќе сообраќа еднаш дневно, со поаѓање кон Тетово во 7 часот наутро и враќање кон селата во 17:30 часот. -Овој проект е резултат на континуираната посветеност и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска официјално е пуштена во употреба новата бесплатна линија на јавен превоз за жителите на тетовските села Бродец, Вешала и Бозовце, информираа од Општина Тетово.

Новата линија ќе сообраќа еднаш дневно, со поаѓање кон Тетово во 7 часот наутро и враќање кон селата во 17:30 часот.

-Овој проект е резултат на континуираната посветеност и заложба за подобрување на условите за живот на жителите од шарпланинското подрачје, овозможувајќи полесна мобилност и подобра поврзаност со градот Тетово. Воспоставувањето на оваа услуга претставува директна инвестиција во благосостојбата на граѓаните, поддршка на семејствата и поттик за одржлив развој на планинските населени места, се вели во соопштението на Општина Тетово. 

Реклама

Локалната самоуправа најавува дека и во иднина ќе продолжи со реализација на проекти насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните и зајакнување на поврзаноста меѓу планинските села и градот Тетово.