Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

МВР: Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица лишени од слобода

Министерството за внатрешни работи информира дека се регистрирани вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, при што две лица се лишени од слобода. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка вчера во 23:50 часот го лишиле од слобода И.Н. (54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи информира дека се регистрирани вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, при што две лица се лишени од слобода.

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка вчера во 23:50 часот го лишиле од слобода И.Н. (54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во СВР Велес, вчера во 19:30 часот 39-годишна велешанка пријави дека нејзиниот сопруг М.Ј. (41) од Велес, не го почитувал решението од Основен суд Велес, односно и се јавувал на телефон и ја вознемирувал. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Реклама

Во СВР Скопје денеска во 01:50 часот 54-годишна жена пријавила дека на вчера околу 17:00 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Н.(61). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево вчера во 22:50 часот го лишиле од слобода Б.И. (42) по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал мајката на неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Штип 34-годишна жена, вчера во 13:30 часот пријавила дека во домот во Штип со тврд предмет била нападната од нејзиниот свекор Б.Т.. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.