Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

МВР: Лишени од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило, 13 возеле без возачка дозвола, а седуммина под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола, седуммина под дејство на алкохол и еден со забрана за управување возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од вкупно 13 кои возеле без возачка дозвола петмина […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола, седуммина под дејство на алкохол и еден со забрана за управување возило, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од вкупно 13 кои возеле без возачка дозвола петмина се во Скопје, двајца во тетовско и по еден во Македонска Каменица, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар и Битола). Од седуммина под дејство на алкохол тројца се во Скопје и по еден во Свети Николе, Куманово, Тетово и Велес, а еден возач во Кичево возел и покрај тоа што имал забрана за управување возило.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.