Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Во Етнокуќата во Кочани изложени изработки со ткаење од „Ракотворница“

На првиот кат во Етнокуќата во Кочани синоќа беше отворена изложбата на изработки од обуката за ткаење на вертикален разбој, реализирана пролетва од Здружението „Синтезис“ и Општина Кочани. Во витрините на Етнокуќата се изложени и ткаени, плетени, везени и шиени предмети позајмени од кочанци – сведоштво на богатата локална етнолошка ризница, како и нови изработки […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На првиот кат во Етнокуќата во Кочани синоќа беше отворена изложбата на изработки од обуката за ткаење на вертикален разбој, реализирана пролетва од Здружението „Синтезис“ и Општина Кочани.

Во витрините на Етнокуќата се изложени и ткаени, плетени, везени и шиени предмети позајмени од кочанци – сведоштво на богатата локална етнолошка ризница, како и нови изработки со современ уметнички израз.

Пред присутните, учесничките во обуката и креаторките на изложбата ги истакнаа придобивките од ткаењето на вертикален разбој како арт-терапија, можностите за жените да ја јакнат економската моќ со нови вештини, како и спојот на традиционалните елементи во актуелното живеење. Исто така беше потенцирано значењето на циркуларната економија и заштитата на животната средина, со што на неупотребливите текстилни производи им се дава нов живот.

Реклама

Во обуката за ткаење на вертикален развој, што се реализираше под менторство на Лилјана Гоцевска,  беа вклучени десетина жени и девојки од Кочани на различна возраст.