Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со згрижувачи и деца од СОС Детско село

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими дечиња и претставници на згрижувачките семејства од СОС Детско село, како и дел од раководството на организацијата. Оддавајќи им почит за благородната дејност и хуманоста, претседателката ги оквалификува згрижувачите како големи мајки и татковци, како големи родители. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими дечиња и претставници на згрижувачките семејства од СОС Детско село, како и дел од раководството на организацијата.

Оддавајќи им почит за благородната дејност и хуманоста, претседателката ги оквалификува згрижувачите како големи мајки и татковци, како големи родители.

-Со Вас домот не е само куќа – истакна таа и додаде дека неопходно е соодветно да се вреднува нивниот труд којшто го вложуваат во чувањето и воспитувањето на децата, стои во соопштението од Кабинетот на претседателката.

Реклама

Според неа, згрижувачките семејства имаат потреба од згрижувачки однос на државата кон нив.

Во придружба на, како што и самите ги викаат, „нивните деца“ згрижувачите и претставниците на СОС Детско село со претседателката разговарале за можни решенија во насока на градење на функционален систем на згрижувачки семејства, посочувајќи можни решенија како: згрижувањето да го третираме како работа со бенефициран стаж, пришто згрижувачите ќе имаат здравствено и пензиско осигурување, како и право на боледување, право од коешто сега се лишени.

-Секое дете има право на образование, сигурност и безгрижно детство – заклучи Сиљановска-Давкова, истакнувајќи дека мора да најдеме соодветни решенија за валоризација на трудот, посветеноста и љубовта којашто ја даруваат згрижувачите, но и решенија коишто ќе поттикнат нови згрижувачки семејства.

Во рамки на посетата, дечињата ги разгледале работните простории во Кабинетот и се запознале и со надлежностите на претседателката.