Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Велосипедска тура околу Охридското Езеро ќе се одржи денеска по повод Денот на Европа, а воедно ќе се промовира одржлива мобилност, еколошка свест, здрав начин на живот и граѓанско учество, соопшпти Делегацијата на ЕУ во земјава. Оваа прекугранична велосипедска тура е заедничка активност на делегациите на Европската Унија во Северна Македонија и во Албанија и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Велосипедска тура околу Охридското Езеро ќе се одржи денеска по повод Денот на Европа, а воедно ќе се промовира одржлива мобилност, еколошка свест, здрав начин на живот и граѓанско учество, соопшпти Делегацијата на ЕУ во земјава.

Оваа прекугранична велосипедска тура е заедничка активност на делегациите на Европската Унија во Северна Македонија и во Албанија и се спроведува во партнерство со Европска куќа во Струга и Европска куќа во Тирана.

-Патеката околу Охридското Езеро ги поврзува заедниците преку границите околу една од најважните природни и културни знаменитости во регионот. Велосипедската тура ја истакнува важноста на регионалната соработка и врските меѓу луѓето во градењето позелена и пообединета иднина. Таа симболизира заедничко славење на европските вредности, соработка и одржливост, наведуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Реклама

По повод настанот, свое обраќање ќе има заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во Паркот на поезијата во Струга во 17 часот.

Програмата за Денот на Европа во 2026 година, претставена под слоганот „Наша Европа. Посилни Заедно “, се организира од Делегацијата на Европската Унија, мрежата на Европска куќа и амбасадите на земјите-членки на ЕУ.