Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ученици од Скопје и Крива Паланка на церемонија за менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски” и „Киро Глигоров” од Скопје беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет. Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателката, церемонијата започнала со македонската химна, изведена од Воениот оркестар […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски” и „Киро Глигоров” од Скопје беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет.

Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателката, церемонијата започнала со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови, по што учениците имале можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата. 

-Највозбудливиот дел од посетата следеше во дворот, каде што учениците разговараа со претседателката. Опкружена со стотици љубопитни погледи и кренати раце, таа одговараше на прашања врзани за детството и училишните денови, професорската работа и претседателските обврски – стои во соопштението.

Реклама

Претседателката, додаваат, им порачала на учениците да го негуваат другарството, да се почитуваат, да поставуваат прашања и да не се плашат да размислуваат поинаку, оти токми љубопитноста е почеток на секое учење, а знаењето останува најсигурниот сопатник низ животот.