Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ премиерно прикажан на фестивалот „Трајбека“ во Њујорк

Македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума синоќа ја имаше својата американска премиера на филмскиот фестивал „Трајбека“ во Њујорк. Ова е прво македонско кинематографско остварување што е дел од програмата на овој фестивал. Како што соопштуваат од ПР тимот на филмот, проекцијата се одржала пред преполна сала на Менхетен, во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума синоќа ја имаше својата американска премиера на филмскиот фестивал „Трајбека“ во Њујорк. Ова е прво македонско кинематографско остварување што е дел од програмата на овој фестивал.

Како што соопштуваат од ПР тимот на филмот, проекцијата се одржала пред преполна сала на Менхетен, во рамките на фестивалот чиј основач е Роберт де Ниро. По прикажувањето на филмот, се одржала долга сесија на прашања и одговори, во која присутните упатиле пофалби за режисерката. Во фокусот на дискусијата со Дума биле нејзината работа со актерската екипа и начинот на кој е постигната филмската автентичност.

Ова е втор долгометражен игран филм на Дина Дума, по нејзиното дебитантско остварување „Сестри“. Филмот е во продукција на „Сестри и брат Митевски“, а продуцентка е Лабина Митевска. Сценариото е дело на Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноаром, додека во главните улоги настапуваат Ефќар Абаз, Симонида Селимовиќ, Џефрина Јашари и Ганимет Абдула.

Реклама

Кинематографското дело е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, а копродуценти се Себастиен Делуа, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, фондот „Еуримаж“, програмата „Креативна Европа МЕДИА“, како и од националните и регионалните фондови на земјите копродуценти.