Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Средба на собранискиот претседател Гаши со струшкиот градоначалник Ќура

Во рамките на посетата на Струга, претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура. Како што соопштуваат од Собранието, на средбата било разговарано за актуелни прашања од значење за локалната самоуправа, за потребите на граѓаните, како и за можностите за унапредување на соработката меѓу централните институции […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на посетата на Струга, претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура.

Како што соопштуваат од Собранието, на средбата било разговарано за актуелни прашања од значење за локалната самоуправа, за потребите на граѓаните, како и за можностите за унапредување на соработката меѓу централните институции и општините. 

– Гаши ја истакна важноста на отворениот дијалог со локалните власти, како значаен предуслов за поефикасно препознавање и решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните. Дополнително, на средбата беше разговарано и за можноста за отворање на пратенички канцеларии за контакт со граѓаните во Општина Струга – стои во соопштението.

Реклама

Иницијативата, додаваат, има за цел да ја приближи работата на пратениците до граѓаните, да овозможи полесна комуникација со нив и да придонесе кон поголема транспарентност, достапност и отчетност на Собранието.