Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Димитровски на 23. конференција на КОСАП: Европската интеграција мора да остане процес заснован на јасни критериуми и предвидливост

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска, во Струга, учествуваше на 23. конференција на КОСАП, која ги обединува парламентарните комисии за европска интеграција и европски прашања од земјите учеснички во Процесот на стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа, од каде што, како што информираат, порача дека европската интеграција мора да остане процес […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска, во Струга, учествуваше на 23. конференција на КОСАП, која ги обединува парламентарните комисии за европска интеграција и европски прашања од земјите учеснички во Процесот на стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа, од каде што, како што информираат, порача дека европската интеграција мора да остане процес заснован на јасни критериуми и предвидливост.

Во рамките на дискусијата посветена на европската интеграција на регионот и актуелните геополитички предизвици, Димитровски, како што информираат, истакнал дека за Република Северна Македонија членството во Европската Унија претставува стратешка определба и генерациски проект за трансформација на државата преку кој се зајакнуваат демократијата, владеењето на правото и економскиот развој.

Тој потсети дека државата повеќе од две децении е посветена на европскиот пат и дека, и покрај исполнувањето многубројни обврски и носењето тешки политички одлуки, пристапниот процес сè уште е оптоварен со билатерални прашања, кои не се дел од воспоставените критериуми за членство.

Реклама

– Ние не бараме привилегии или отстапки, туку процес заснован на јасни правила, објективни критериуми и вреднување на постигнатите реформи. Тоа е важно не само за нашата држава туку и за кредибилитетот на политиката на проширување на Европската Унија – нагласи Димитровски.

Осврнувајќи се на планот за раст за Западен Балкан, тој оцени дека станува збор за значаен инструмент, кој ја зајакнува довербата во европскиот процес преку поврзување на реформите со конкретни и мерливи придобивки за граѓаните. Воедно, ја потврди определбата на Владата за натамошно спроведување на реформската агенда, целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и активен придонес кон регионалната стабилност.

Димитровски во своето обраќање се осврнал и на актуелните иницијативи за внесување нова динамика во процесот на проширување на Европската Унија оценувајќи дека секое решение треба да придонесе за поголема предвидливост и доверба во процесот.

– Разговараме и бараме решение, кое нема да обезбеди само предвидливост, туку и долгорочна одржливост. Потребно е да знаеме дека сите отворени прашања се затворени на начин што е достоинствен и прифатлив за сите, без навлегување во прашања поврзани со националниот идентитет, јазикот и културната посебност. Истовремено, очекуваме јасна поддршка од европските институции и земјите членки за постигнатите договори за конечно фокусот да го ставиме на реформите и на европската агенда – порача Димитровски, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Конференцијата на КОСАП ја отвори и со неа претседаваше потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, а поздравни обраќања имаа претседателот на Собранието – Африм Гаши, амбасадорката на Сојузна Република Германија – Петра Дрекслер, шефот на ЕУ-делегацијата – Михаилис Рокас и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка – Амер Капетановиќ.