Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Д-р Рендевски: Органодарителството е висок морален и хуман чин

Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи. – Денес, се наоѓаме во одделот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи.

– Денес, се наоѓаме во одделот за интензивно лекување на нашата клиника, што претставува втор по големина оддел за интензивно лекување во Македонија по КАРИЛ. Во нашата секојдневна клиничка пракса може да кажам дека се соочуваме со најтешко болните и критични пациенти од нашата неврохируршка патологија и, за жал, во одредени моменти кај одредени тешки пациенти констатираме мозочна смрт. Тоа е една иреверзибилна состојба, од која, за жал, пациентот не може да биде повторно вратен со закрепнување во нормална состојба – истакнува проф. д-р Рендевски.

Во тој момент, како што посочи, многу е важно одлуката на самите семејства кај пациенти што се потенцијални донори да биде позитивна.

Реклама

– Апелирам семејствата на најблиските да дадат позитивна согласност за овие пациенти, да се пристапи кон органодарителство, што претставува висок морален и хуман чин – истакнува проф. д-р Рендевски.

Министерот за здравство Азир Алиу посочува дека со ова видео продолжува кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“ за да ги зајакнеме јавната свест, довербата и подготвеноста за разговор на оваа тема.

– Последните трансплантации на срце и бубрег уште еднаш нè потсетија дека зад секој спасен живот не стои само медицинска експертиза, туку и длабоко хумана одлука. Најсилната порака денес доаѓа од докторите затоа што тие секојдневно ги гледаат и болката на семејствата и надежта на пациентите што чекаат трансплантација – порачува министерот Алиу.