Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Акција за чистење на локалитетот Крст во Кучково

Општина Ѓорче Петров во соработка со питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Универзалната единица за заштита и спасување при општината денеска реализираше акција за чистење на локалитетот Крст во Кучково. Акцијата беше организирана во рамки на цивилно-воена соработка со цел подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, одговорно однесување кон природата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров во соработка со питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Универзалната единица за заштита и спасување при општината денеска реализираше акција за чистење на локалитетот Крст во Кучково.

Акцијата беше организирана во рамки на цивилно-воена соработка со цел подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, одговорно однесување кон природата и зачувување на природните локалитети во општината.

Во текот на активностите, од зелените површини биле подигнати над четири метри кубни отпад, со што, како што наведува Општина Ѓорче Петров, значително се придонесе за почиста и поуредена средина на овој значаен природен локалитет.

Реклама

– Кучково претставува еден од најубавите природни предели во Ѓорче Петров и место кое има големо значење за рекреација, одмор и дружење на граѓаните. Затоа, неговото зачувување е заедничка обврска на институциите, граѓаните и сите општествено одговорни чинители. Оваа акција е уште една потврда дека преку заедничко делување, одговорност и посветеност можеме да создадеме почиста, поздрава и поубава животна средина за сите граѓани. Општината ќе продолжи со активности насочени кон заштита на природата, уредување на јавните површини и поттикнување на одговорно однесување кон животната средина, се наведува во соопштението од Општината.