Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Секторот за внатрешни работи Штип информира дека во изминатиот период е забележан зголемен број пријави за кривични дела „измама“ и „обид за измама“, при што најчесто на мета се повозрасни граѓани. – Зголемен е бројот на случаи кога непознати лица од странски телефонски броеви се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секторот за внатрешни работи Штип информира дека во изминатиот период е забележан зголемен број пријави за кривични дела „измама“ и „обид за измама“, при што најчесто на мета се повозрасни граѓани.

– Зголемен е бројот на случаи кога непознати лица од странски телефонски броеви се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини и слично имаат повреди и треба да им се изврши итна операција за што побаруваат поголеми износи на парични средства со што ги доведуваат оштетените во заблуда да им исплатат одредена сума на пари-соопштуваат од СВР-Штип.

СВР Штип ги известува граѓаните доколку во случај да добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите.

Реклама

Инаку, во штипскиот Основен суд на 20 мај беше изречена казна затвор од пет години и шест месеци  за П.С. од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на наивните граѓани успеал да им земе 56.000 евра.