Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Потребен кадар за реалните потреби на стопанството

Повеќе пракса за студентите со цел да се создадат кадри што ќе одговараат на потребите на пазарот на трудот. Бизнисмените веќе не бараат само дипломи, туку знаење, креативност и вештини. Стопанската комора заедно со академската заедница и бизнис секторот  разговараа за потребите на образованието со фокус на унапредувањето на практичните вештини и поголемо вклучување на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе пракса за студентите со цел да се создадат кадри што ќе одговараат на потребите на пазарот на трудот. Бизнисмените веќе не бараат само дипломи, туку знаење, креативност и вештини. Стопанската комора заедно со академската заедница и бизнис секторот  разговараа за потребите на образованието со фокус на унапредувањето на практичните вештини и поголемо вклучување на компаниите во креирањето на студиските програми.

„Сакаме да имаме ситуација во која што општеството вложува. Продуктивноста кај нас е најниско ниво. Ефикасноста е на најниско ниво. Може да се реши само на еден начин: високопрофесионални луѓе со високи примања. Ако тоа не го направи Македонија, си потпишала смртна пресуда“-укажа Бранко Азески.

Академската фела велат дека целта е младите веќе кога ќе завршат со своите студии да можат да се вклучат на пазарот на труд. За таа цел предлагаат повеќе мерки.

Реклама

„Високото образование ќе треба да стане партнер на економијата и мотор на развојот. Нам ни е потребна нова генерација инженери, технолози, ИТ експерти, машински и електроинженери, енергетичари. Потребни ни се практичари, не само теоретичари. Следните 10 години ќе победуваат државите со продуктивна индустрија, технолошка адаптација, сопствени иновации и стручен кадар кој создава додадена вредност, а таму треба да се најде и Македонија“ – истакна професорот Марјан Ѓуровски.

Од бизнис секторот ги поддржуваат овие барања. Велат дека студентите уште за време на своите студии треба да работат на реални проекти и анализи, а професорите да ја вршат доследно својата улога на ментори.  

„Многу е значајно студентите да работат на реални проекти, анализи, пропуст е што се праќаат студентите а немаат менторство од професорот или од самиот факултет, поефективно би било ако во таа релација се вклучи и менторот од факултетот. “– вели Ристо Јаневски од Окта АД Скопје.

Пораката од бизнис секторот и академската заедница е едногласна – Македонија не смее веќе да произведува кадар со кој ќе го зголемува бројот на бирото на невработени и младите да ги подготвува за професии кои реално исчезнуваат.