Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Ѓорѓиевски: Очекувам од септември темата за отпадот повеќе да не биде третирана во јавноста на начинот на кој беше досега

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска порача дека интензивно работат на подобрување на состојбата со отпадот во главниот град, се набавуваат возила, контејнери, се зголемува ефикасноста во работењето на ЈП „Комунална хигиена“, при што очекува од септември состојбата значително да се подобри.  – Очекувам дека од септември темата за отпадот повеќе да не биде третирана […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска порача дека интензивно работат на подобрување на состојбата со отпадот во главниот град, се набавуваат возила, контејнери, се зголемува ефикасноста во работењето на ЈП „Комунална хигиена“, при што очекува од септември состојбата значително да се подобри. 

– Очекувам дека од септември темата за отпадот повеќе да не биде третирана во јавноста на начинот на кој беше досега. Навистина е тешко. Имаше сериозни проблеми во „Комунална хигиена“, вклучително и неисплатени плати. Во моментот кога станав градоначалник, обврските по основа на плати изнесуваа приближно 90 милиони денари, денес тие се намалени на речиси 60 милиони денари. Иако денес има помалку вработени отколку порано, претпријатието работи значително поефикасно. Полека, но сигурно, ги решаваме проблемите. Верувам дека сме во завршна фаза и дека останува уште да пристигнат механизацијата и контејнерите за сето тоа да биде ставено во целосна функција – нагласи Ѓорѓиевски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, и директорката на Светската банка за Македонија и Косово, Карол Межеван, пред почетокот на работилницата посветена на изработка на планови за одржлива урбана мобилност, која се одржа во ЗЕЛС.

Нагласувајќи дека кога дошол во Град Скопје пред шест месеци, затекнал состојба со само 16 оперативни возила, во моментот, вели, има 50-60 возила на дневна основа за одлагање смет.

Реклама

– Проблемот, и тоа постојано го истакнувам, е што повеќето од возилата се стари. Особено проблем имаме со роботите што беа набавени чинам во времето на Шилегов. Од вкупно четири, едниот е целосно нефункционален, а другите три постојано се расипуваат. Поради тоа, често се случува бројот на оперативни возила да се намали од 50 на 20 или 30 камиони – изјави скопскиот градоначалник.

Тој му честита на директорот на ЈП „Комунална хигиена“, како и на сите вработени, за состојбите што ги живеат таму, но и за нивниот придонес во менувањето на сликата за главниот град во споредба со она што го затекнале пред шест месеци.

Ѓорѓиевски посочи дека набавката, со помош на Владата и Светката банка, на 40-ина нови возила за Град Скопје ќе помогне во подобрување на состојбите. Посочи дека станува збор за разни типови возила, а дополнително Град Скопје обезбедува уште четири возила за кои очекува да пристигнат и пред испораката од Светската банка, како и две претоварни станици, кои значително ќе придонесат за поефикасен транспорт на отпадот.

Едната претоварна станица, која, како што појасни, е камион, ќе биде стационирана во Ѓорче Петров и ќе ги покрива општините Ѓорче Петров, Карпош и Сарај. Тоа значи, појасни градоначалникот, дека камионите, кои сега го транспортираат отпадот директно до депонијата „Дрисла“, наместо да губат време и ресурси, ќе го истовараат отпадот во претоварната станица и многу побргу ќе се враќаат на терен за да ја продолжат својата работа. Втората претоварна станица ќе биде поставена во Гази Баба и ќе биде наменета за тој дел од градот.

Во однос на испораката, тој очекува набргу, поточно во рок од еден месец, да пристигнат четирите камиони и двете претоварни станици што ги обезбедува Град Скопје. Другите возила очекува да бидат испорачани во неколку фази.

– Дополнително, чекаме во секој момент да биде потпишан договорот за набавка на 2.600 нови контејнери. Станува збор за бројка што не е набавена последните десет години. Дури и ако се соберат сите набавки на контејнери во изминатата деценија, не се достигнува оваа бројка. Недостигот од контејнери беше еден од најсериозните проблеми во „Комунална хигиена“. На многу микролокации во градот недостигаа контејнери, а постојните со години не беа заменети. И тој проблем веќе го решаваме – истакна Ѓорѓивски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк.