Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра

Стефан Богоев ја следел добро познатата матрица на својот политички ментор Зоран Заев. Додека СДСМ зборува за правда, транспарентност и чесност, на површина повторно излегуваат скандали, сомнежи за корупција, влијанија и договарање тендери зад затворени врати, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Богоев, поранешен директор на Царинската управа и висок функционер на СДСМ, е осомничен […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стефан Богоев ја следел добро познатата матрица на својот политички ментор Зоран Заев. Додека СДСМ зборува за правда, транспарентност и чесност, на површина повторно излегуваат скандали, сомнежи за корупција, влијанија и договарање тендери зад затворени врати, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Богоев, поранешен директор на Царинската управа и висок функционер на СДСМ, е осомничен за местење тендер вреден над 300 илјади евра, при што според информациите кои излегоа во јавноста се товари и за примање награда за противзаконито влијание во вредност од околу 2.000 евра.

Очигледно е дека Богоев решил да ја следи матрицата на делување на својот политички ментор Зоран Заев кој бараше евро за Вицето.

Реклама

Според јавно достапните информации, Богоев и Александар Спирковски – Џемо договарале која фирма ќе го добие тендерот за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали. А со тоа директно овозможиле правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари.

Дополнително покрај сомнежите за влијание врз тендерската постапка, Богоев се товари и дека за својата улога побарал и добил лична корист. Наместо да работи во интерес на институциите и граѓаните, Богоев работел за сопствен ќар.

Фактот што за Богоев е побарана мерка притвор говори дека надлежните органи располагаат со сериозни индиции и докази за неговото постапување.

Богоев е огледало на СДСМ, партија чии функционери премногу често се поврзуваат со тендери, афери, рекети и сомнежи за корупција.

Граѓаните имаат право да знаат кој и како управувал со институциите и како се трошеле народните пари. Затоа истрагата треба да биде целосна, темелна и без политички калкулации, а сите инволвирани да понесат одговорност согласно законите.

Времето кога функционери блиски до СДСМ мислеа дека се недопирливи мора да остане во минатото. Одговорност мора да има за секого.