Реклама
Македонија

Мицкоски се сретна со Беќировиќ: Разговаравме за состојбите во регионот и европската перспектива на Западен Балкан

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска остварил средба со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ. За средбата Мицкоски информираше дека со Беќировиќ размениле мислења за актуелните состојби во регионот, регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. „Ваквите средби се добра можност за зајакнување на меѓусебното разбирање и продлабочување на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска остварил средба со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ.

За средбата Мицкоски информираше дека со Беќировиќ размениле мислења за актуелните состојби во регионот, регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

„Ваквите средби се добра можност за зајакнување на меѓусебното разбирање и продлабочување на соработката меѓу нашите држави“, напиша Мицкоски.

Реклама

Средбата се одржала во пресрет на заедничка вечера, а во фокусот биле регионалните предизвици, добрососедските односи и можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: