Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

МП: Европска потврда за реформите, усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ

Значајна потврда за реформскиот курс на државата и за работата на Министерството за правда дојде од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој ги поздрави континуираните напори и постигнатиот напредок во спроведувањето на реформската агенда, соопшти денеска МП. -Особено сме горди што Европската Унија го препозна усвојувањето на Патоказите за владеење на правото и реформата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Значајна потврда за реформскиот курс на државата и за работата на Министерството за правда дојде од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој ги поздрави континуираните напори и постигнатиот напредок во спроведувањето на реформската агенда, соопшти денеска МП.

-Особено сме горди што Европската Унија го препозна усвојувањето на Патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација како конкретен и опиплив резултат на нашата посветеност. Овие стратешки документи претставуваат темел за изградба на поефикасни институции, посилно владеење на правото и поголема доверба на граѓаните во правосудниот систем – се наведува во соопштението.

Министерството за правда, се додава во него, останува цврсто посветено на спроведување на реформите, исполнување на европските стандарди и забрзување на евроинтегративниот процес.

Реклама

-Признанието од највисоките европски претставници е потврда дека реформите даваат резултати, а нашата држава сигурно чекори кон своето место во европското семејство – нагласува МП.