Во близина на Пула, Хрватска, се урна мал авион. Четворица загинати. Како што пренесуваат хрватските медиуми, загинатите се странски државјани. Првичните информации укажуваат дека авионот полетал од Германија, а летот наводно не бил претходно најавен во Хрватска. Според сведоштва од местото на несреќата, леталото при ударот во земјата се преполовило. Надлежните институции засега не соопштуваат повеќе детали, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Од Полициската управа Пула потврдија дека авионот паднал во близина на аеродромот во Медулин и дека сите надлежни служби преземаат активности на терен.
