Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

ЕУ почнува преговори со Западен Балкан за вклучување во зоната „Роаминг како дома“

Роаминг како дома за разговори, пораки и интернет додека престојуваме во ЕУ. Советот на ЕУ официјално го одобри стартот на преговорите со земјите од Западен Балкан за проширување, односно вклучување во мрежата на ЕУ. Промените ќе им овозможат на корисниците од Македонија, но и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија да […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Роаминг како дома за разговори, пораки и интернет додека престојуваме во ЕУ. Советот на ЕУ официјално го одобри стартот на преговорите со земјите од Западен Балкан за проширување, односно вклучување во мрежата на ЕУ. Промените ќе им овозможат на корисниците од Македонија, но и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија да ги уживаат истите привилегии како и граѓаните на земјите од Унијата.

Зоната во моментов ги опфаќа земјите членки на ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, а во неа се вклучени и Молдавија и Украина.

По денешната одлука, Европската комисија ќе започне преговори за склучување договори со секоја од шесте балкански држави. Тие ќе треба да спроведат законски измени за усогласување со европското законодавство во областа на телекомуникациите.

Реклама

Во соопштението се наведува дека, по позитивна оценка од Европската комисија за исполнување на условите, ќе може да биде донесена одлука за реципрочно отворање на роаминг-пазарите меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.