Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Јорданов: Се инсталира СКАДА системот за мониторинг на диструбуцијата на водата за пиење низ штипската водоводна мрежа

Поради инсталирање на СКАДА системот за мониторинг на дистрибуција на водата за пиење низ водоводната мрежа во Филтер станицата во текот на вечерните часови можни се прекини или намалувања во снабдувањето со вода пред се во високите зони на градот Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради инсталирање на СКАДА системот за мониторинг на дистрибуција на водата за пиење низ водоводната мрежа во Филтер станицата во текот на вечерните часови можни се прекини или намалувања во снабдувањето со вода пред се во високите зони на градот Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски на денешната прес-конференција истакнаа дека во тек е реализација на еден од најзначајните проекти за водоснабдувањето на Штип, кој чини 36 милиони денари, а средствата се обезбедени од вториот повик на Владата за реализација на проекти од суштинско значење за Општините.

Јорданов истакна дека СКАДА системот треба да реши долгогодишни проблеми со водоснабдувањето, а со него ќе се врши далечинско читање на податоците од водоводната мрежа. 

-Ова е еден надзорна контрола на водоводната мрежа на повеќе точки, вклучувајќи ги сите главни линии, резервоарите за водоснабдување на територија на општина Штип, со што ќе се има контрола на издашноста-потрошувачката на вода на неколку реони и делови од градот – вели Јорданов. 

Реклама

Тој истакна дека анализите покажуваат освен кражбата на водата, огромни количини на преработена вода за пиење се губи и при дефектите на водоводната мрежа, а токму овој паметен систем ќе покажува и каде има дефекти на мрежата, со што екипите на ЈП „Исар“ и брзо ќе реагираат. Јорданов вели дека со оваа инвестиција ќе се намалат и загубите на водата за пиење, со што ЈП „Исар“ ќе има и помали финансиски загуби. 

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Арсовски рече дека загубите на водата за пиење низ мрежата изнесуваат помеѓу 58 и 63 отсто, а со инсталацијата на СКАДА системот се очекува и значително да се намалат овие големи проценти на загуба на вода, која останува нефактурирана од нивна страна. Тој информираше дека досега е реализирано околу 50 отсто од проектот СКАДА систем на водоводната мрежа.