Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Сали: Законот за правична и соодветна застапеност е системско решение за зајакнување на еднаквоста и мултиетничкиот карактер на државата

Начелото за соодветна и правчна застапеност произлегува од Охридскиот договор и го карактеризира мултиетничкиот карактер на Македонија. За време на разговорите за формирање на влада, едно од нашите барања беше и донесување на закон за правична и соодветна застапеност, затоа со задоволство можам да кажам дека за првпат правичната и соодветна застапеност се воведува како […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Начелото за соодветна и правчна застапеност произлегува од Охридскиот договор и го карактеризира мултиетничкиот карактер на Македонија. За време на разговорите за формирање на влада, едно од нашите барања беше и донесување на закон за правична и соодветна застапеност, затоа со задоволство можам да кажам дека за првпат правичната и соодветна застапеност се воведува како законска материја, односно се издигнува на ниво на закон.

Ова го изјави првиот вицепремиер и министерот за европски прашања Беким Сали, образложувајќи го предлог-законот за соодветна и правична застапеност пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието, на која во прво читање се разгледува Предлог-законот за правична и соодветна застапеност.

Со овој закон, посочи Сали, се става крај на претходните решенија, кои беа делумни или недоволни.

Реклама

-Балансерот беше само дигитална алатка и делумно решение која не може да се спореди со едно сеопфатно законско решение. По 23 години ние како ВРЕДИ конечно го заокружуваме ова прашање со закон. Овој закон ја ужива поддршката од Советот на Европа бидејќи за него е дадено позитивно мислење од Венецијанската комисија, истакна Сали.

Министерот додаде дека со овој закон Владата прави историски чекор во унапредување на Охридскиот рамковен договор и оти тој нуди неколку важи решенија и се темели на реални податоци.

-Законот го штити правото на слободно самоизјаснување, но истевремено ја спречува неговата злоупотреба. Доколку се утврди злоупотреба ва оваа насока, кандидатите ќе бидат одбиени и ќе немат право да аплицират на јавните конкурси во период од три месеци, посочи тој. 

Сали ги повика сите пратеници да го поддржат овој предлог на закон, бидејќи, како што посочи, правичната и содветната застапеност не е прашање што му припаѓа само на ВРЕДИ или на една политичка партија, таа е темелна вредност на уставниот поредок и државен интерес на Северна Македонија.

Во текот на дискусијата беше истакнато дека начелото на правична и соодветна застапеност е уставна вредност која произлегува од Охридскиот рамковен договор и претставува еден од темелите на мултиетничкиот карактер на државата.

Пратениците од опозициските партии на Албанците го критикуваа законското решение, посочувајќи дека со него не се предвидени квоти ниту, пак, како ќе се контролира дали правичната застапеност се почитува, а тоа, велат, ќе има долгорочни последници. Укажаа дека правичната и соодветената застапеност се столбот на Охридскиот рамковен договор и на Уставот.

Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците критикуваше дека на овој закон му недостасуваат критериуми и стандарди. Според него, предлог-законското решение нема механизми за спроведување, ниту санкции.

– Закон без механизми за спроведување и без санкции е само закон на хартија и нема ниту еден задолжителен елемент. И затоа институциите ќе се повикуваат на некои членови на овој закон, притоа нема каде да ги најдат тие членови, оцени Азири.

Претходно, денеска, Комитетот за односи меѓу заедниците, со 11 гласа „за“ и два „против“, изгласа Предлог-законот за соодветна и правична застапеност да се носи со мал Бадентер, односно со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците што припаѓаат на немнозинските заедници. Пратениците од Европскиот фронт и Албанската лига сметаа дека законот треба да се носи со т.н. голем Бадентер (потребно мнозинство од вкупниот број пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници), но нивниот предлог не беше поддржан од мнозинството. 

Основната цел на предлог-законот за соодветна и правична застапеност е да обезбеди јасна, прецизна и применлива правна рамка за остварување на едно од темелните начела на уставниот поредок на земјата – соодветната и правична застапеност на граѓаните што припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции. Интенцијата е да се обезбеди доследна примена на овој принцип преку воспоставување јасни правила и механизми, кои ќе овозможат еднаков пристап до вработување и унапредување, како и фер и транспарентни постапки во јавниот сектор.