Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Пехчево ќе биде домаќин на Младинскиот фест 2026

Пехчево на 13 јуни годинава ќе биде центар на младите, спортот и забавата преку одржувањето на „Пехчево Младински Фест 2026“, настан што го организира Локалниот младински совет Пехчево во соработка со Општина Пехчево, Делегацијата на Европската Унија и партнерите на проектот „ЕУ со тебе“. Фестивалската програма започнува во утринските часови со традиционалната планинско-велосипедска тура „Пехчево […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пехчево на 13 јуни годинава ќе биде центар на младите, спортот и забавата преку одржувањето на „Пехчево Младински Фест 2026“, настан што го организира Локалниот младински совет Пехчево во соработка со Општина Пехчево, Делегацијата на Европската Унија и партнерите на проектот „ЕУ со тебе“.

Фестивалската програма започнува во утринските часови со традиционалната планинско-велосипедска тура „Пехчево на Точак“. Стартот е закажан во 9 часот од плоштадот „Св. Петар и Павле“ во Пехчево, а учесниците ќе возат по патека долга околу 33 километри до врвот Кадиица. Организаторите информираат дека патеката е со средна тежина, учеството е бесплатно, а на крајната дестинација е предвиден заеднички ручек за сите учесници.

-За учество во велосипедската тура задолжително е носење кацига, а учесниците треба да обезбедат технички исправен велосипед, резервна гума, пумпа и основен алат. Препорачливо е да понесат вода, храна и соодветна облека за планински услови. Малолетните лица можат да учествуваат само во придружба на возрасен- информираа организаторите.

Реклама

Во попладневните часови, од 17 часот, на плоштадот во Пехчево ќе бидат отворени повеќе тематски зони наменети за младите и посетителите. Предвидени се зона за уметност, зона за друштвени игри и натпреварувачка зона со различни активности и содржини.

Музичкиот дел од програмата започнува во 22 часот, кога фестивалот ќе продолжи со настап на пејачката Анастасија Спасевска и DJ DOOMLOAF, кои ќе се погрижат за забавата до доцните вечерни часови.

Организаторите ги повикуваат сите љубители на велосипедизмот, рекреацијата и добрата забава навреме да го пријават своето учество во велосипедската тура, најдоцна до 10 јуни, и да бидат дел од еднодневниот фестивал што ќе ги обедини спортот, културата и младинскиот активизам во срцето на Малешевијата.