Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Во Општина Ѓорче Петров едукативен настан посветен на можности за младите и нивно вработување

Во Општина Ѓорче Петров во соработка со Агенцијата за вработување на Македонија и Локалниот младински совет денеска се одржа информативен и едукативен настан посветен на можностите за младите, нивното вработување, личен развој и градење успешна професионална иднина. На настанот, како што информираат од општинската прес-служба, беа презентирани мерки, програми и услуги кои им стојат на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Ѓорче Петров во соработка со Агенцијата за вработување на Македонија и Локалниот младински совет денеска се одржа информативен и едукативен настан посветен на можностите за младите, нивното вработување, личен развој и градење успешна професионална иднина.

На настанот, како што информираат од општинската прес-служба, беа презентирани мерки, програми и услуги кои им стојат на располагање на овие лица, со цел тие навремено да се информираат, активно да учествуваат и да ги искористат можностите за обуки, практикантство, стекнување нови вештини, вработување или започнување сопствен бизнис.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на настанот истакна дека младите се најголемиот потенцијал на заедницата и дека инвестирањето во нивната иднина, претставува инвестирање во иднината на општината.

Реклама

-Денес не зборуваме само за вработување, туку за можности, нови почетоци, личен развој и градење успешна кариера. Ги охрабрувам младите да бидат активни, да поставуваат прашања, да се информираат и да го направат првиот чекор. Овие мерки се создадени токму за нив – рече Стојкоски.

Од Општина Ѓорче Петров велат дека ќе продолжат да бидат партнер на младите и да поддржуваат иницијативи коишто придонесуваат за подобри можности во образованието, вработувањето, претприемништвото и личниот развој.

Преку вакви настани, локалната самоуправа, во соработка со надлежните институции и младинските структури, создава простор за директна комуникација, информирање и охрабрување на младите активно да ја градат својата иднина.