Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Жетвата на јачменот во штипско-карбинскиот регион почнува за две недели

Земјоделците од штипско-карбинскиот регион за 15 дена треба да ја почнат жетвата на јачменот. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Серафимов вели дека се уште не знаат по која цена ќе ги продаваат јачменот и пченицата, а сушата веќе го преполови родот во делови од Источна Македонија. Посочува дека ќе бараат откупната цена на лебното […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделците од штипско-карбинскиот регион за 15 дена треба да ја почнат жетвата на јачменот. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Серафимов вели дека се уште не знаат по која цена ќе ги продаваат јачменот и пченицата, а сушата веќе го преполови родот во делови од Источна Македонија.

Посочува дека ќе бараат откупната цена на лебното зрно-пченицата и на јачменот да не биде под 16 денари за килограм, бидејќи како што вели производителите годинава се ставени под дополнителен притисок поради обврската да предадат дел од родот.

-Жетвата е веќе на прагот, дури на некој места има и стасани жита за жетва, а ние се уште немаме никакви состаноци со министерството и со откупувачите за цената. Ние како асоцијација ќе бараме цената да не биде помала од 16 денари, ќе видиме како тоа ќе го прифатат откупувачите, затоа што оваа година сме условени а продаваме и 30% од родот и тука може тие со тоа да уште повеќе да сакаат да ја намалат цената, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите-изјави Серафимов. 

Реклама

Тој додава дека во југоисточниот и источниот дел на Македонија веќе три месеци нема дождови и токму поради тоа приносите на житните култури ќе бидат многу помали. Нековите пресметки се дека во овие два региони приносот на пченицата нема да биде повеќе од 250 до 300 килограми или два и пол тони по хектар.