Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Дел од просторот на полициската станица во Жировница ќе се пренамени во јавен паркинг

– Дел од просторот на Полициската станица за граничен надзор во долнореканското село Жировница ќе биде уреден во паркинг простор од јавен интерес, решение со кое треба и двете засегнати страни да функционираат непречено. За таа цел, по барање на градоначалникот на Општината Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, заедно со претседателот на Советот на општината, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Дел од просторот на Полициската станица за граничен надзор во долнореканското село Жировница ќе биде уреден во паркинг простор од јавен интерес, решение со кое треба и двете засегнати страни да функционираат непречено.

За таа цел, по барање на градоначалникот на Општината Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, заедно со претседателот на Советот на општината, Елвир Пајкоски, претставници на Министерството за внатрешни работи и локалното население, остварена е работна посета во село Жировница. 

-Од оваа конструктивна теренска посета со задоволство можеме да го известиме локалното население во село Жировница дека Министертвото за внатрешни работи, ја поддржа ваквата иницијатива и даде позитивно мислење. Договорени се сите активности за отпочнување на процедурата од правено-нормативен аспект, а во наредниот период ќе следува подготовка на соодветна проектна документација, како и спроведување на постапка за пренесување на правото на сопственост на предметниот простор на Општина Маврово и Ростуше- информираше Фикрет Ибраими, одговорен во Секторот за односи со јавноста во општината.

Реклама

Според него во рамки на посетата било разговарано и за други прашања од интерес за жителите на Жировница. 

-На барање на Месната заедница во наредниот период ќе се отпочне со целосна дислокација на постојаните контејнери, со цел подобрување на хигиенските услови, поуредна животна средина и поквалитетна организација во собирањето на комуналниот отпад. Општина Маврово и Ростуше останува посветена на реализација на преземените и ветени проекти и активности кои придонесуваат за подобар квалитет на живот на сите граѓани, посочи Ибраими.

Ваквото решение го поздравија жителите на селото, меѓу кои и Латиф Пајкоски, кој е претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР), кој рече дека голем простор од кругот на Полициската станица, сега ќе биде во услуга на потребите на локалното население, а ќе биде надминат и проблемот со паркинг места во летниот период која печалбарите масовно доаѓаат во родното место.