Реклама
Прилози

Стефан Богоев останува зад решетки, сѐ уште нема понудено гаранција за спас од притворот

Стефан Богоев останува зад решетки. Функционерот на СДСМ кој заврши со лисици на рацето поради сомнение за поткуп во Царина, се уште нема дадено гаранција за да се спаси од притворот. Иако неговите адвокати Сања Алексиќ и Виктор Божиновски најавија дека ќе понудат гаранција и ќе се жалат, засега нема ништо. Божиновски се жали на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стефан Богоев останува зад решетки. Функционерот на СДСМ кој заврши со лисици на рацето поради сомнение за поткуп во Царина, се уште нема дадено гаранција за да се спаси од притворот. Иако неговите адвокати Сања Алексиќ и Виктор Божиновски најавија дека ќе понудат гаранција и ќе се жалат, засега нема ништо.

Божиновски се жали на притворот само на својот Фејсбук профил и тврди дека мерката е донесена поради како што пишува шамарот од ЕУ и правење на дефокус. Сепак, не е достапен да одговори што ќе биде понудено како гаранција за Богоев да излезе од притвор. Според него, за мито од 1800 евра, Богоев не заслужувал да оди во Шутка. . Тендерот за кој постои сомневање дека Богоев го наместил, е тежок 300 илјади евра.

На Стефан Богоев сте му определиле притвор по член 165 став 1 и 2 ? Дали вие сте нормални??? Тоа значи дека Стефан се крие, не може да се утврди неговиот идентитет или дека се обидува да побегне? Па да сакал да побегне вас ќе ве чекал! И, дополнително дека ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело или ќе влијае на сведоци?!? На кои сведоци ќе влијае Стефан??! МРШ ѓубриња, никогаш ништо нема да биде од вас. Ако со ова го прикривате “шамарот” од ЕУ, браво! Ама и вас ќе ве стигне истото!!!, вели Виктор Божиновски, адвокат на Стефан Богоев.

Реклама

Од судот велат, постои законски рок од три дена, судот да одлучи по жалбата и за евентуалната гаранција.

Во истрагата се вклучени Богоев и уште тројца поради сомневања дека ја злоупотребиле својата положба, влијание и углед и наместиле тендер за одржување на терминалите на границите. Од досега објавеното, едно од овие лица  имало улога на посредник и е блиско до претходната власт.

Премиерот Мицкоски сподели дека поседува информации и за други вакви случаи во останатите институции и очекува во иднина да има и други акции.

Инаку, екс претседателот на СДСМ, додека директорувал со Царината, примил мито од околу 1800 евра за да намести тендер со кој одржувањето на царинските терминали на границите, да го добие фирмата каде работел Александар Спирковски познат како Џемо. Богоев влијаел врз неговиот заменик Семир Муса во условите на тендерот да бидат така наместени за да може да добие фирмата која веројатно ги дала 1800-те евра како мито. Кривичниот суд  на сите четворица осомничени им одреди притвор.

Тие ќе се гонат за Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание. Обвинителката Искра Хаџи Василевска поради опасност од бегство и влијание, за сите осомничени побара притвор.

Како што е познато, Богоев беше од клучните луѓе во СДСМ во времето на Зоран Заев, па потоа и Димитар Ковачевски. Стигна дури и до влијателната функција потпретседател  на партијата. Претходно, беше градоначалник во еден мандат на Општина Карпош.